Екипата на Ајнтрахт Франкфурт направи големо изненадување во финалето на фудбаслкиот Куп на Германија, откако синоќа во Берлин го победи Баерн Минхен со 3:1.
За Ајнтрахт ова е прв куп трофеј по пауза од 30 години и вкупно петти во историјата.
Од друга страна, Баварците загубија финале во Купот за прв пат од сезоната 2011/12.
На овој дуел, Нико Коваќ за последен пат оваа сезона го предводеше Ајнтрахт, од следната ќе седне на клупата на ривалот Баерн Минхен.