Дваесет и осмото издание на интернационалниот фестивал за класична музика „Интерфест 2019“ ќе стартува утревечер во Битола.

Свеченото отворање е закажано во Народниот театар, каде ќе настапат солисти и оркестарот на Националната опера и балет под диригенство на Бисера Чадловска.

Според програмата на организаторите на фестивалот Милица и Кирил Рибарски до 11 октомври на фестивалските сцени во битолскиот Музеј, Центар за култура и Народен театар-Битола, покракј познати домашни уметници ќе настапат и музички уметници од Италија, Франција, Полска.

Годинава од Италија гостуваат дуо хармоника и пијано Џанкрало Калабриа и Симоне Пагани, дуо гитара и пијано Лапо Ванучи и Лука Ториџиани, како и италијанското барокно трио „Стара музика” со кои на 11 октомври ќе биде спуштена завесата на годинашниот фестивал.

Во наредните денови во Битола концерти ќе приредат и дуо Фортчело од Франција, дуо пијано и флејта Тереза Кабан и Хенри Блазеј од Полска, како и македонските уметници Томе Костовски- пијано, Валентин Наумов – виолина и Верица Дивитарова – пијано. Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест” се одржува од 1992 година, а иницијатори и основачi на фестивалот се Милица Шперовик Рибарски и Кирил Рибарски.

М.М.