Во тек се подготовките за одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина. Државниот празник што ќе се слави на 1 октомври подеднакво треба да ги импресионира кинеските граѓани и да ја прикаже силата на Кина надвор. Денот ќе биде одбележан со голема воена парада, огномет и со говор на претседателот Си Џинпинг.
Црвени знамиња се редат на станбените блокови и во населбите. Се средува зеленилото по улиците во Пекинг во чест на празникот. На плакати по целиот град пишува: „денес Кина е резултат на напорната работа на кинескиот народ“.
Државните медиуми пренесуваат дека на настанот ќе присуствуваат околу 100.000 луѓе од „сите сфери на животот“. Властите поделија 620.000 телевизори за дури и непоканетите да можат да го следат настанот во живо.