Компанија „Мател“, која ги создаде познатите кукли Барби, почна да продава „родово неутрални“ пластични кукли.
Целта на компанијата е конечно да се стави крај на сите предрасуди со што треба да си играат момчињата, а со што девојчињата.
Куклите може да се најдат со различни бои на кожата, а секоја може да има кратка и долга коса, во зависност од желбата на клиентите. Исто така, во пакетот има и облека, вклучувајќи здолништа и панталони, како и различни видови чевли.
Како што напиша „Тајм“, овие кукли се разликуваат од класичните кукли Барби, бидејќи усните не им се премногу полни, нивните трепки не се премногу долги, исто така, немаат гради и немаат широки раменици.
Цената им е 30 долари.