Африка е дел од светот што ми беше втор дом во последните 20 години, напиша принцот Хари (35) на Инстаграм неколку недели пред патот. Турнејата, која започнува во Јужна Африка, е прво заедничко службено патување на младото семејство.
За три дена што ќе ги поминат во Кејп Таун, војводата и војвотката од Сасекс ќе посетат социјални и еколошки проекти и ќе се сретнат со пензионираниот архиепископ Дезмонд Туту, познат борец против апартхејдот.
Потоа Хари ќе отпатува сам во Боцвана, Ангола и Малави за да засади дрвја во природен резерват, да учествува во вежба против ловокрадство и да ги посети болните од сида.
Посебно внимание предизвика Меган (38) со изборот на фустанот и со нејзината фигура, така што фановите на кралското семејство помислиле дека повторно е бремена, а некои ѝ забележаа за деколтето дека е непримерно за една војвотка.
Емотивна кулминација се очекува во провинцијата Хуамбо во Ангола, каде што ќе го посетат местото каде што беше создадена историската фотографија на принцезата Дијана на минско поле во 1997 година. Семејството ќе се собере во Јужна Африка на 1 октомври, ден пред заминувањето во Јоханесбург.