Рик Окасек (75), фронтменот на рок-групата „Карс“, беше пронајден мртов во неделата, 15 септември, во својот стан во Њујорк.
Њујоршката полиција добила повик за човек во несвест, пренесува Си-ен-ен.
Окасек, чиј идентитет го потврди полицијата, беше прогласен за мртов на местото на настанот.
Групата „Карс“ доби популарност кон крајот на 70-тите и раните 80-ти години на минатиот век со хитовите „My Best Friend’s Girl“ и „Drive“.