Во рамките на кампањата насловена „Чисто-како дома исто“, беше реализирана акција за чистење на Охридското Езеро и крајбрежјето. Цел на кампањата е подигнувањето на свеста за заштита на животната средина и водење грижа надвор исто како во својот дом.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар изјави дека е среќен што толку голем број граѓани и здруженија се ангажирани во еко-акциите и ги повика и општините да земат учество за наградата „Европска општина на годината“ која се доделува на најангажираните општини во организирање на чиста животна средина.
Акцијата ја организираше Македонската асоцијација за управување со цврст отпад, а беше приклучена и локалната самоуправа, јавните претпријатија, Црвен крст, како и нуркачите од клубот Охрид.