Во раните утрински часови „бе-ем-ве“ со скопска регистрација удрило во полициски автомобил на патот за кумановското село Сопот.
По судирот, возачот на автомобилот не застанал и побегнал од местото на настанот. Дваесетина минути подоцна „бе-ем-вето“ било пронајдено на патот Табановце – Куманово, оставено надвор од коловозот, а во него биле само двајца повредени мигранти од Авганистан.
Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, кадешто им биле констатирани тешки повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.