Јапонскaтa компанија „Токио електрик“ (Тепко) ќе мора да испушти радиоактивна вода од оштетената нуклеарна централа Фукушима во Пацификот бидејќи нема доволно простор за складирање, изјави јапонскиот министер за животна средина Јошијаки Харада, пренесува Ројтерс.
Тепко собра повеќе од еден милион тони загадена вода од цевките за ладење кои го спречуваат топењето на јадрото, бидејќи фабриката беше оштетена од цунами во 2011 година.
– Единствената опција е да се испушти во океанот, иако целата влада ќе расправа за тоа – рече министерката Харада пред новинарите.
Јапонската влада чека извештај од експертскиот панел пред да донесе конечна одлука, бидејќи до 2022 година нема да има повеќе простор за складирање на радиоактивна вода.
Иако не е објавено колку вода треба да се испушти во океанот, се очекува дека околните земји ќе негодуваат на овие соопштенија од јапонската влада.