Адвокатката Ирена Данилова Фрчкоска е новиот адвокат на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Јанева имаше потреба од нов адвокат бидејќи Стеван Павлески ѝ го откажа полномошното поради конфликт на интереси, односно тој мораше да се одлучи дали ќе ја застапува Јанева или осомничените од СЈО, односно бизнисменот Цветан Панделевски во предметот „Империја“ и Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.
Во „Рекет“, покрај Јанева, осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец.