Поради отсуство на сведокот Зоран Верушевски, рочиштето за предметот на СЈО со масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, се одложи за 23 септември.
Судот направил обид да го најде и на работното место во Владата, како национален советник на премиерот Зоран Заев за безбедност. Од Владата на поканата ставиле печат, но нема доказ дека тој лично ја примил поканата.
Во „Таргет – Тврдина“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тогашниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработените во УБК, Никола Бошкоски, Маријан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Надица Николиќ. Грујевски и Бошокоски избегаа во Грција и нив им се суди во отсуство.