Бизнисменот Силјан Мицевски по сведочењето кај обвинителката Вилма Русковска, кое траеше повеќе од два часа, рече дека тој сам побарал од Обвинителството да го дополни исказот за случајот „Рекет“.
Мицевски рече дека не добивал закани за да му даде 720 илјади евра на Меѓународниот сојуз, а запрашан како ќе си ги врати парите, тој кусо одговори: „Прашајте го Бојан“.
Безнисменот денеска дообјаснуваше кој барал од него 720 илјади евра, за која намена и дали парите се уплатени кај пензионерката или кај Сојузот на Бојан Јовановски.
Тој потенцира дека парите ги уплатил во банка на сметката од Сојузот.
Пред десет дена пензионерката Лилјана Тодоровска сведочеше во Обвинителството за организиран криминал. Претходно, изјави дека парите што Мицевски ги уплатил на нејзината сметка ги подигнала во кеш, а потоа ги дала на друго лице од Сојузот на Бојан Јовановски , но не кажа за кого станува збор.