Собранието треба да избере двајца нови министри и тројца заменици-министри што ги предложи премиерот Зоран Заев, на денешната 110-та седница.
Нина Ангеловска е предложена за нова министерка за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.
Кирил Колемишевски е предложен за заменик-министер за економија, Елизабета Наумовска за замени-министер за образование и наука, а Неџад Мехмедовиќ за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка, функција за која е предложен Фадил Бајрами.