Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со услови за локален пороен дожд и грмежи.
Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат 37 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 32, Берово 30, Дојран 39 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне на запад со услови за локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во Скопје 35, Маврово 26, Охрид 31, Битола 33, Кавадарци 36, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 38.
Од среда повторно ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 37 степени.