Грција соопшти дека ќе продолжи со депортирање на мигранти во Турција за да се избори со зголемениот прилив поради кој дошло до пополнување на капацитетите во мигрантските кампови на островите.
Министерот за миграција, Јоргос Комустакос изјави дека 15 азиланти чиишто барања се одбиени ќе бидат вратени во Турција од еден грчки остров, но не соопшти повеќе детали, пренесе „АП“.
Тој рече дека 75.000 мигранти во Грција ги чекаат одлуките по повод барањата за азил, а дополнително чекаат и 9.000 мигранти чиишто барања се одбиени, но имаат поднесено жалби.
Според неговите зборови, на грчките острови на кои во моментов престојуваат мигранти, има трипати повеќе луѓе од она што е предвидено.