Денешното рочиште на случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 30 август бидејќи судијата кој го води предметот, Огнен Ставрев, е на боледување.
На претходното рочиште од страна на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот „ТНТ“ побара за предметот изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева, заради сомнеж за поврзаност со предметот „Рекет“. Според адвокатот Еленко Миланов, се уште не е доставен одговор во врска со ова барање.
Случајот „ТНТ“ се наоѓа во доказна постапка, а на последното рочиште беа сослушани сведоци предложени од одбраната.
Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според обвинението на СЈО, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.