Општината Центар веќе објави на својата веб-страница дека поднела проект за добивање владини пари за намалување на загадувањето на воздухот, во согласност со јавниот повик на Владата за реализација на Програмата за намалување на загадувањето на воздухот 2019-та година.
– Општината Центар поднесе проект и барање за добивање средства за борбата со загадувањето на воздухот. Владата за општината Центар издвои износ од 4.000.172 денари, пари со кои ќе се набавуваат горилници на гас, АЦ инвертер клими, ВРФ-системи и топлински пумпи, со кои општината и граѓаните ќе придонесат кон прочистувањето на атмосферскиот воздух, особено во зимските месеци – информираат од општината Центар.
жКако што е веќе познато, право да добијат средства и опрема имаат само скопските општини со најголема загаденост на воздухот, во согласност со податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем и секако оние што ќе ги исполнат условите од јавниот повик на Владата, кој беше објавен во печатените медиуми пред неколку дена. Планот за чист воздух предвидува зимава Скопје да има почист воздух за 50 отсто.