Ма­ке­дон­ски­от ка­ра­те-ре­пре­зен­та­ти­вец во бор­би, Емил Пав­лов (до 60 кг), утре ќе се бо­ри за злат­ни­от, до­де­ка Ан­ге­ла Мој­сов­ска (до 68 кг) за брон­зе­ни­от ме­дал на 53-то Европ­ско пр­венс­тво (ЕП), кое се одр­жу­ва во Но­ви Сад, Ср­би­ја.

За Пав­лов ова е трет осво­ен ме­дал на ЕП, по зла­то­то во Тем­пе­ре 2014 го­ди­на и брон­за­та на ЕП во Мон­пел­је 2016, до­де­ка Мој­сов­ска не­ма ме­дал од ЕП.

За штип­ја­не­цот Пав­лов, ако три­ум­фи­ра во фи­нал­на­та бор­ба, тоа ќе прет­ста­ву­ва втор зла­тен ме­дал, по оној во Тем­пе­ре 2014 го­ди­на, а вкуп­но трет на ЕП (има и брон­за во Мон­пел­је 2016). Во фи­на­ле­то ќе ги од­ме­ри си­ли­те со ита­ли­јан­ски­от прет­став­ник Ан­џе­ло Керш­чен­цо. До фи­на­ле­то Пав­лов стиг­на отка­ко ги ели­ми­ни­ра Сло­ва­кот До­ми­ник Имрич (1-1, со прв осво­ен по­ен), Хо­лан­ѓа­не­цот Ја­син ел Атар (6-2), Цр­но­го­ре­цот Не­над Ду­ло­виќ (3-2) и во по­лу­фи­на­ле­то Есто­не­цот Кал­винс Ка­линс (2-0).

– Си­те бор­би беа те­шки, но пр­ва­та се­пак бе­ше нај­те­шка. Гу­бев до пос­лед­ни­те се­кун­ди, а по­тоа ус­пе­ав да израм­нам, а на изг­ла­су­ва­ње на су­ди­и­те и да по­бе­дам. По­тоа ра­бо­ти­те се нор­ма­ли­зи­раа и во си­те дру­ги бор­би на та­та­ми­те вле­гов мно­гу са­мо­у­ве­ре­но, не им доз­во­лив на про­тив­ни­ци­те да ме из­не­на­дат, а не­кои од нив ги по­бе­див и со ви­сок ре­зул­тат. Ита­ли­јан­ски­от ка­ра­тист со кој ќе се срет­нам во фи­на­ле­то е ква­ли­те­тен бо­рец, ко­го се­пак не го поз­на­вам до­вол­но иа­ко го имам по­бе­де­но во Пре­ми­ер-ли­га­та во Салц­бург. Ве­ру­вам во се­бе, во мо­ја­та под­го­тве­ност и сме­там де­ка со до­бра та­кти­ка, мо­жам втор­пат да дој­дам до зла­то­то – оп­ти­мист е Емил Пав­лов.

Скоп­јан­ка­та Ан­ге­ла Мој­сов­ска (КК Мак­пе­трол), пак, во ду­е­лот за брон­за­та ќе се срет­не со Иво­на Ча­вар од БиХ. Прет­ход­но таа ги по­бе­ди Мал­те­жан­ка­та Ема Греч (4-2), Ру­син­ка­та Ви­кто­ри­ја Иса­е­ва (0-0 по су­ди­ско изг­ла­су­ва­ње), Пол­јач­ка­та Да­ри­ја Ор­зе­чов­ска (0-0), а за­гу­би од Азер­беј­џан­ка­та Ири­на За­рет­ска (0-7).

На 53-то Европ­ско се­ни­ор­ско пр­венс­тво во Но­ви Сад на­ста­пу­ва­ат 662 нат­пре­ва­ру­ва­чи од 52 др­жа­ви.

Г.И.