Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Роџерс купот во Монтреал, Канада. Србинот решил да го пропушти овој Мастерс турнир поради умор, имал намера добро да се одмори и подготви за УС опен, каде ќе ја брани титулата.
– Жалам што морам да ве известам дека решив да се повлечам од Роџерс купот. Решив на моето тело да му дадам повеќе одмор пред наредните турнири. Ја сакам Канада имам многу пријатели кои секогаш прават да се чувствувам како дома – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ овој турнир кој наизменично се игра во Монтреал и Торонто го има освоено по двапати во двата града: Монтреал 2007, 2011 и Торонто 2012, 2016 година.
Се очекува Ѓоковиќ да настапи на Мастерсот во Синсинати (11 до 18 август) каде ќе ја брани титулата.