Русија го покажа најновото оружје на воената парада за Денот на победата над фашизмот. Па, така, руската армија во Москва продефилира со новиот тенк на далечинско управување, хиперсоничните ракети и противбродски проектили, а беа прикажани и ново тешко вооружување, како и дронови. Во своето обраќање, по повод 73-годишнината од победата над нацистичка Германија, претседателот Владимир Путин порача дека Русија е отворена за дијалог за безбедносните прашања во светот.
– Ние се сеќаваме на трагедиите на двете светски војни, лекциите од историјата и тие не ни дозволуваат да ги затвориме очите. Но сега се обидуваат да го прецртаат тоа, да ја ревидираат историјата. Ние никогаш нема да го дозволиме тоа. Секогаш ќе се гордееме што советскиот народ не се откажа. Нашиот народ се бореше на живот и смрт. Со ништо не може да се измери храброста на нашите војници – истакна Путин.