Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го отфрли предлогот за започнување процедура за импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп, поради неговите навреди кон четири конгресменки од Демократската партија.
Текстот за импичмент беше поднесен од страна на демократот Ал Грин, но Конгресот го отфрли со големо мнозинство од 332 наспроти 92 гласа.
П
ретставничкиот дом вчера на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се осудуваат коментарите на претседателот Доналд Трамп за членките на Конгресот од малцинските заедници. За резолуцијата гласаа сите демократи и четворица републиканци.Претходно, Трамп на Твитер напиша дека „кај него нема ниту трошка расизам“.