Како предвесник на фестивалот „Охридско лето“ од 9 до 11 јули во црквата „Света Софија“ се одржува „Подиумот на млади“, чиј идеен творец и организатор е Музичката младина на Македонија. Овој проект се враќа на фестивалската сцена по 22-годишна пауза, а публиката ќе има можност да ги проследи настапите на неколкумина млади домашни музичари. „Подиумот“ почна во црквата „Света Софија“, а ќе настапи кларинетистот Рикардо Хуна, во пијано-придружба на Билјана Петровска, како и пијанистката Инес Неделковска.
Во рамките на концертниот подиум денеска ќе настапи флејтистката Јана Каевска во пијано-соработка со Ивана Јанаќиева, како и младиот пијанист Арда Мустафаоглу. Проектот „Подиум на млади“ ќе биде заокружен утре, со концерт на виолинистката Наоми Георгиевска, која ќе биде придружувана на пијано од Доминика Робе, како и со настап на сопранистката Мила Јаневска, која ќе ја изведува својата програма во пијано-соработка со Билјана Петровска.