Иран соошти дека од денеска нивната програмата за збогатување ураниум ќе го надмине ограничувањето од 3,6 проценти, како што беше договорено со нуклеарниот договор од 2015 година.
По истекот на крајниот рок што Иран им го даде на западните земји за да ги исполнат неговите барања и да ги спречат санкциите на САД, Техеран најви дека ќе го зголеми збогатувањето ураниум и ќе продолжи да ги намалува своите обврски од договорот на секои 60 дена, пренесе „Ројтерс“.
-Дипломатската врата е сè уште отворена, но потребни се нови иницијативи“, рече иранскиот преговарач Абас Арачи.
Францускиот претседател, Емануел Макрон оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани, настојувајќи до средината на јули да го врати дијалогот меѓу Иран и западните партнери, за да се намалат тензиите на Блискиот Исток.