Од четвртокот јужна Калифорнија ја погодиле над 4.700 земјотреси, вклучувајќи го и најсилниот од 7,1 степен според Рихтеровата скала, а тлото ќе продолжи да се тресе и во текот на следните месеци.
-Се случуваат земјотреси на секои 30 секунди, секоја минута“, изјави геофизичарот од Американскиот сеизмолошки завод, Џон Белини- пренесе „Си-ен-ен“.
Првиот посилен потрес од 6,4 степени се случи во четвртокот, а во петокот вечерта југот на Калифорнија го погоди земјотрес од 7,1 степен. Во првиот час по најсилниот потрес следеа уште три потреси со магнитуда над 5 степени, односно 5,1 степен, 5,4 и 5,5 степени според Рихеровата скала.
Научниците веруваат дека во следните шест месеци ова подрачје ќе го погодат над 30.000 потреси.
Според сеизмологот Игил Хоксон, веројатноста дека повторно ќе се случи земјотрес од седум степени опаднала на три проценти, пренесе „АП“.
Недамнешниот земјотрес, според проценката на сеизмолозите е најсилниот кој ја погодил Калифорнија во последните 20 години.