Како одговор на првата Парада на гордоста за во знак на борбата за заштита на правата на лицата од ЛГБТИ-заедницата, денес во центарот на Скопје се одржа марш во насока на промоција на традиционалните вредности на општеството.
Организацијата наречена „Сојуз за живот“ преку поворката наречена „Сведоштво за семејството“ одржа мирен протест за промоција на „вистинските традиционални вредности на семејството“.
Повардарската епархија од МПЦ, на чело со владиката Агатангел, ја поддржа иницијативата и по утринската литургија учествуваа на поворката низ Скопје посветена на сведочењето на традиционалните семејни вредности.
Целта на протестот на „Сојуз за живот“ со поддршка на Брегалничката епархија, според јавните повици, е да се прикаже вистината за тоа што е брак, семејство и пол и како придонесуваат тие за животот, а против идејата за родова рамноправност, под изговор дека тоа претставува „промоција на неприродното семејство“.
Во соопштението на иницијаторите на контрапарадата беа повикани сите верски заедници и дека се здружени во „Сојуз за живот“, како МПЦ-ОА, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-методистичка црква и Еврејската заедница.