Викторија Бежовска и Нино Ристески се македонските иноватори кои во Патрас, Грција и во Драч, Албанија добија признание за најиновативни идеи во рамките на И3 проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“.
Во конкуренција на 50 иноватори од пет држави: Грција, Албанија, Кипар, Бугарија и Македонија, идеите за Е3 (Ефикасен, еколошки, економичен) велосипед и за пречистување на реките од цврст отпад „Риверсаве” беа истакнати како најдобри.
– Пред присутните инвеститори, иноватори и заинтересирани лица, изминативе две години беше истакната важноста на иновациите до која се стигнува преку трансфер на знање – изјави д-р Андријана Богдановска, директор на Центарот за управување со знаење, партнер во проектот.