Прва станица на кинеска територија се светски познатите продавници за кафе Старбакс…
Најпродаваната македонска вода и единствената со европски број и дозвола за извоз во Европа, ПЕЛИСТЕРКА, го освојува и огромниот кинески пазар. Првата станица на овој силен македонски бренд е најпозната и најпопуларна специјализирана продавница за кафе во светот Старбакс. Деновиве, жителите на најголемиот кинески град Шангај, со повеќе од 13.271.000 жители, покрај кафето во Старбакс, ќе можат да уживаат и во вкусот на најстарата македонска вода Пелистерка.
Карактеристиките на оваа природно газирана природно минерална вода, чиј извор стар 3.200 години се наоѓа на длабочина од 400 метри, ги исполнуваа многубројните строги кинески критериуми за квалитет на вода. По долготрајни преговори, тестирања и аналзии, Кинеската влада и даде зелено светло на газираната Пелистерка за да почне да го трасира патот кон милионскиот кинески пазар.
„Шангај е само почеток. Не застануваме тука, продолжуваме да ги освојуваме и останатите кинески градови и покраини. За секој производител без разлика дали е од мала земја како Република Македонија или од многу поголема европска земја, кинескиот пазар е предизвик“ – велат од Пелистерка.
Пелистерка АД Скопје е компанија која што свесно и многу сериозно се труди да ги следи светските трендови и стандарди во однос на водата. Веќе неколку години по ред, сме единствена македонска вода која што својот производ го пласира на европските пазари кои што пак имаат строги правила за контрола на квалитет. По Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, водата на Пелистерка се најде и на полиците на супермаркетите, на масите во кафулињата и рестораните и во Романија, Гермaнија, Естонија…но и во прекуокенаските Америка и Австралија.
Ширењето на светските пазари не значи запоставување на македонскиот пазар. И покрај зголемениот обем на работа и производство, квалитетот на газираната Пелистерка не се намалува и понатаму останува најпродавана и најнаградувана газирана вода во Македонија.