Гитаристот нa „Пинк флојд“, Дејвид Гилмор, на аукцијата во Њујорк продаде 127 гитари од својата колекција за речиси 21.5 милион долари и целата сума ја донираше на непрофитната организација ангажирана во борбата против климатските промени и заштита на планетата, ClientEarth.

На аукцијата, која се одржа минатата недела во „Кристи“ во Њујорк, собрани се 21.490.750 долари и се поставени некои светски рекорди кога станува збор за продажба на гитари, објавија американските медиуми.

Седумдесет и тригодишниот музичар ги донира сите средства од аукцијата на  непрофитна организација која се бори за заштита на планетата на која живееме.