Роботот направен со помош на лего-коцки може да подготвува појадок, односно да испржи сланина и јајца на око, како и да ги зачини со бибер и со сол.
– Мојот татко ми подготвува појадок секоја сабота и недела. Тој го заслужува овој подарок – вели изумителот на оваа иновативна машина, кој една недела работел на создавање на механизмот.
Робоготвачот згрешил само еднаш во текот на 11 обиди, испуштајќи го јајцето предвреме.