Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои својот 18-ти гренслем турнир во својата кариера, 12-та титула на Ролан Гарос, по победата во финалето над Австриецот Доминк Тим со 6-3, 5-7, 6-1, 6-1. Мечот во Париз на теренот „Филип Шатрие“ траеше нешто повеќе три часа.
Со оваа победа, Надал дојде до 93-тата победа во Париз, турнир на кој има претрпено само два порази, па така со триумфот Шпанецот остана скоро непобедлив во борба за титулата на вториот гренслем во годината.
Интересно е да се напомене дека Надал и Австриецот Тим се четвртиот пар на тенисери кои го играле истото финале две години последователно.