Данска на парламентарните избори кои треба да се одржат денеска би можела да сврти лево, доколку коалицијата на централно десничарскиот премиер Ларс Локеа Расмусен ја замени коалицијата на левиот центар предводена од социјалдемократите, главно поради падот на поддршкаа на коалиционите партнери на Расмусен.
Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен тешко ќе ја задржи својата коалиција на власт, покажуваат анкетите.
Социјалдемократската партија, иако е опозиција во сегашниот состав на парламентот, е најјака партија, а неодамна победи и на европските избори. Либералната партија на тие избори помина добро, но коалиционите партнери на Расмусен – конзервативците и Либералниот сојуз не постигнаа успех, а евроскептичната Данска народна партија, која ја поддржува коалицијата во парламентот, ја изгуби половина од поддршката.