Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека Украина е подготвена на преговори со Русија и спроведување на договорот од Минск.
-Руската агресија останува голем предизвик за евроатлантската безбедност- изјави Зеленски, пренесе „Ројтерс“.
Тој наведе дека Украина ќе го продолжи својот пат кон европската и евроатлантската интеграција.
Украинскиот претседател изјави примарна цел е спорведувањето на внатрешните реформи кои ќе ја приближат Украина кон НАТО.
Зеленски се состана и со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, а утре ќе остави средба и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.