Датумот за брегзит кој е одреден да биде на 31 октомври ќе биде последната шанса за излез на Велика Британија од Европската Унија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во разговор со претставниците на големите меѓународни банки.
-Лоша беше идејата за одложување. Иако е многу лоша идејата да се види Велика Британија да замине од ЕУ, уште полошо е да се гледа како некој се обидува да не ја почитува волјата на народот- рече Макрон.
Според францускиот претседател, одлуката на Британците треба да се спроведе, освен ако самите не одлучат поинаку.
-Го одредивме крајот од октомври како последна шанса, бидејќи не би сакал новата Европска комисија да продолжи да се занимава со тоа прашање- рече Макрон.