Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или коригираат претпополнетата годишна даночна пријава во текот на викендов, 1 и 2 јуни.
Причина за ова е што крајниот рок за добивање статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, во согласност со тоа на 3 јуни, понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.
Пријавите што од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани ќе бидат службено потврдени, наведува УЈП во соопштението.