Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија, денеска, по ждрепката во Базел, ќе ги добие противниците за претстојното Светско првенство, кое од 6 до 18 август треба да се игра во Скопје. За денешната ждрепка македонските кадети ќе бидат сместени во третиот барабан, заедно со селекциите на Србија, Словенија и на Унгарија.

Во првиот барабан се Шведска, Исланд, Данска и Хрватска, во вториот се Шпанија, Германија, Франција и Бахреин, во четвртиот се наоѓаат Египет, Јапонија, Норвешка и Тунис, во петтиот Бразил, Аргентина, Чиле и Кинески Тајпеј, а во шестиот барабан се Нигерија, Саудиска Арабија, Канада и Португалија, која го зазеде местото на селекција од Океанија, која се откажа од настапот на СП.

Со ждрепката ќе се формираат четири групи со по шест репрезентации, а Македонија како домаќин ќе има право да избере во која група ќе игра пред да се извлечат носителите од првиот и од вториот барабан.

Четирите најдобропласирани селекции од секоја група обезбедуваат пласман во осминафиналето, а двете последнопласирани во групите ќе доигруваат во Президент-купот. 


СОСТАВ НА БАРАБАНИТЕ
1: Шведска, Исланд, Данска, Хрватска
2: Шпанија, Германија, Франција, Бахреин
3: Македонија, Србија, Словенија, Унгарија
4: Египет, Јапонија, Норвешка, Тунис
5: Бразил, Аргентина, Чиле, Кинески Тајпеј
6: Нигерија, С. Арабија, Португалија, Канада