Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи“ би можел да биде вклучен во трговските преговори со Пекинг.
– „Хуавеи“ претставува опасност. Кога гледате што прават тие кога е во прашање бебедноста, од воено гледиште. Многу опасно. Но можно е случајот со „Хуавеи“ да се вклучи во трговскиот договор. Ако постигнеме договор, „Хуавеи“ би можеле да се вклучат – рекол Трамп, без да наведе повеќе детали.
САД забранија соработка со „Хуавеи“ без посебна дозвола од владата.
Трговските преговори меѓу САД и Кина засега не дадоа резултати и двете страни една на друга си воведоа нови царини.