Лидерите на Северна Кореја и на САД, Ким Јонг-ун и Доналд Трамп, би можеле до крајот на месецов да се сретнат во демилитаризираната зона (ДМЗ) што го дели Корејскиот Полуостров, а набљудувачите тврдат дека тоа е така поради ТВ-преносот од средбата меѓу лидерите на двете Кореи на истата локација.
Имено, Ким и Мун Јае-ин минатиот петок се сретнаа на иста локација во Панмунџом, историски настан што би требало да доведе до денуклеаризација на Полуостровот и до официјален крај на Корејската војна. Извори за американските медиуми велат дека Кина смета дека оваа локација е најдобра за средбата, бидејќи медиумите и опремата се веќе распоредени на тоа место, а и самиот Трамп бил воодушевен од ТВ-преносот од средбата меѓу лидерите на двете Кореи. Истите извори нагласуваат дека патувањето во ДМЗ ќе биде историска можност за Трамп, а и можност за јужнокорејскиот претседател да учествува на настанот.
Мун исто така изразил уверување дека севернокорејскиот лидер ќе го прифати предлогот да се сретне со Трамп во ДМЗ. Неговиот портпарол рекол дека Мун го поддржува изборот на ова место, зашто било значајно и зашто претставувало симбол што би можел прерасне во „пресвртница кон мирот“, пренесува Си-ен-ен.