Украинскиот претседател во заминување, Петро Порошенко, денеска го напушта претседателскиот кабинет, откако загуби на изборите од страна на комичарот Владимир Зеленски, пренесува „Блумберг“.
Тој претходно го загуби и статусот на милијардер, кратко откако победи на изборите во 2014 година. Порошенко во текот на мандатот загубил 40 отсто од неговото богатство, кое сега изнесува 705 милиони долари, според податоците на „Блумберг“.
Најголема вредност во капиталот на Порошенко има компанијата „Рошен“, која произведува повеќе видови на чоколади, колачи и торти, со што стана најголемата компанија за слатки во Украина и важен играч во регионот, со отварањето на фабриките во Русија, Литванија и Унгарија. Но, извозот на „Рошен“, кој надминуваше 400 илјади тона во 2012 година, опадна за 25 проценти во текот на следните две години – откако нејзините продукти беа забранети во Русија. Порошенко поседува и банка, телевизиски канал, компанија за осигурување и неколку земјоделски и прехранбени претпријатија.
Порошенко беше поразен на претседателските избори минатиот месец поради неговите неуспешни обиди да стави крај на корупцијата. Новоизбраниот украински претседател, Зелински, веднаш презема инцијатива за да го распушти парламентот и свика предвремени избори, со цел да ја зајакне својата моќ, откако од телевизиски комичар стана политичар со највисока функција во Украина.
– Во изминатите пет години направив сѐ за да ја насмеам Украина, во следните пет години ќе направам сѐ за да не ја расплачам Украина – изјавил Зеленски.