Поранешниот министер за внатрешени работи Митко Чавков, осомничен за настаните во Собранието од 27 април, по втор пат излезе од Истражниот затвор во Шутка.
Апелацискиот суд ја потврди одлуката тој да се брани од слобода.
Поранешниот министер излезе од затвор по гаранцијата што ја достави до судот од 600 илјади евра во која е вклучено земјиште и неколку станови.
Чавков е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните во Собранието од 27 април минатата година.