Глумецот Џејден Смит ќе го игра раперот Кање Вест во неговите млади години, во новата серија „Омниверс“, која ќе ја продуцира самиот Кање. Станува збор за серијал чија епизода трае половина час и ги истражува различните облици на перцепција.
Првата сезона го прикажува егото, низ различната алтернативна реалност на Кање Вест, чија помлада верзија ќе ни ја долови талентираниот Џејден.
На продукцијата и режијата ќе работи и Ли Сунг Јин, кој стекна популарност со сериите: „Силиконска долина“, „Сингуларност“ и други.
На Џејден Смит популарност му донесоа филмовите „Живот во една година“ и „Скејт кујна“, а глумел и во неколку остварувања на „Нетфликс“. Сепак, најпознат е по улогата во филмот „Карате кид“.