Најмалку 290 луѓе загинаа, а 500 се повредени во вчерашната серија напади врз цркви и хотели на Шри Ланка, соопптија утртово властите.
Тие исто така наведоа дека се приведени 24 лица осомничени за поврзаност со нападите.
Сè уште никој не презеде одговорност за нападите штп се случија на Велигден на грегоријанскиот календар.
Осум експлозии одекнаа во цркви и хотели во Коломбо и во околината.
Околу 1,2 милиони католици живеат на Шри Ланка, која има 21 милион жители. Христијаните се седум проценти, околу 70 се будисти, 12 – хидуисти и 10 отсто се муслимани.