Компанијата „Дизни“ го претстави првиот официјален трејлер за новата американска филмска драма „Кралот лав“, пренесе „Билборд“.
Овој римејк на Дизниевиот легендарен анимиран филм од 1994 година, својата премиера ќе ја има на 19 јули годинава, најпрво во САД, а потоа и во кината низ светот.
Во филмот гласовите на ликовите им ги позајмија познати холивудски глумци: Доналд Гловер (Симба), Сет Роген, Чиветел Еџиофор, Били Фичер, Џон Оливер, Бијонсе, Џемс Ерл Џонс и други.
Сценариото за ова издание на „Кралот лав“ го напиша Џеф Најтансон, додека режијата и продукцијата се на Џон Фавро.