Локализиран е пожарот на планината Јабланица што вчера избувна меѓу селата Октиси и Вишни.
Заменик командирот на Територијалната против пожарна единица од Струга, Ристе Талевски потврди дека пожарот е изгаснат пред помалку од еден час, но оти екипи дежураат на терен за да се спречи негово повторно активирање.
– Пожарот е локализиран. Чад излегува, но нема веќе опасност за негово ширење. Интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, а во гасењето помогнаа најмногу екипите на шумското, изјави Талевски.
Теренот, нагласи, е карпест, непристапен и опасен за безбедноста на луѓето.
Во пожарот на Јабланица зафатена е голема површина шума, а пожарникарите синоќа ги штитеа викендиците и не дозволиле негово проширување кон селата.