По ждребката за Лигата на шампионите, традиционално во „Куќата на европскиот фудбал“ во Нион се одржа и извлекувањето на паровите за четврт-финалето во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа. Финалето на ЛЕ е закажано за 29 мај на „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербеџан. Освен престижот за освојување на натпреварувањето, победникот на финалето на ЛЕ следната сезона директно се пласира во групната фаза во ЛШ.
Наполи – Арсенал
Вилјареал – Валенсија
Бенфика – Ајнтрахт Франкфурт
Славија Прага – Челси
Во полуфиналињата, победникот од двомечот на тимовите Наполи и Арсенал ќе биде домаќин на победникот од натпреварот Вилјареал – Валенсија, а подобриот од натпреварот Бенфика и Ајнтрахт ќе биде домаќин на победникот од натпреварот Славија Прага и Челси.