Да го сместат своето дете во градинка и понатаму е еден од најактуелните прблеми на младите родители од Општина Кавадарци. Со оглед на фактот што невработеноста е на ниво под 10% значи дека постојано се зголемува бројот на родители кои имаат потреба заради своето вработување да бараат згрижување на нивното дете во детска градинка. Зглемениот притисок секојдневно довде до состојба моментално во објектите на детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци со капацитет од 660 деца да се згрижени 1100 деца, ни открива директорката Цанка Добринова. Нивна определба е приоритет за згрижување да имаат децата од ранливите категории на семејства, децата на самохрани родители и децата чии родители се болни или се соочуваат со други потешкотии и проблеми.
-Моментално листата на дечиња кои чекаат да бидат примени во градинка ја достигнува бројката до 400 што мислам дека е највисока до сега. Во насока на зглемување на опфатот на деца од предшколска возрас оточна проектот на доградба на два постоечк објекти на градинката и тоа објектот „Детелинка“ каде ќе бидат доградени уште пет занимални и објектот „Снежана“ уште две занимални. Исто така Локалната самоуправа изврши и адаптација на новото училиште во селото Марена кое сега ќе има функција на градинка за дезата од оваа село. Адаптацијата е целосно завршена чекаме да се објави тендер за опремување а занималната. Во Марена ќе има само една занимална која ќе биде комбинирана но за жал нема да можеме да им излеземе во пресрет на сите родители од Марена и блиското село Сопот кои бараат згрижување на дете- објаснува директорката на градинката Цанка Добринова.
Истовремено се изврши адаптација на новото училиште во селото марена кое сега ќе има функција на градинка за децата од ова село. Адаптацијата е целосно завршена и се чека нејзино опремување. Станува збор за една занимална која ќе биде комбинирана но за жал во неа нема да мое да им се излезе во пресрет на сите родители од селото Марена и соседното село Сопот кои имаат потреба од градинка.
-Со доградбата и адаптацијата на просторијата во новото училиште во Марена ќе се овозможи простор за згрижување на нови 180 дечиња што значи дека на листата за чекање ќе останат повеќе од 200 дечиња. За целосно решавање на проблемот Општина Кавадарци пред една седмица аплицирање за иградба на нова градинка на улицата „Ресавска“ која е избрана во генералниот урбанистичк план уште во 2000 година . Во меѓувреме за да се обезбедик валитет во згрижувањето на децата во групите кои бројат двојно од потребниот број зголемен е бројот на негователки, односно секогаш има трето лице – објаснува Добринова.
Мирјана Мукаетова