Разговорите на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, најверојатно не успеаја бидејќи двете страни не беа подготвени за компромис и отстапки, соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изави дека Москва е охрабрена од фактот што преговорите не пропаднаа во целост.
– На самитот недостигаа мали чекори и флексибилност што можеа да помогнат во постигнувањето на одреден напредок. Нуклеарната програма на Северна Кореја е комплицирано прашање, што е невозможмо да се реши од прва – наведе Песков.
Вториот самит Трамп – Ким денеска беше прекинат без да се постигне договор, а американскиот претседател изјави дека тоа се случи откако Северна Кореја побарала целосно укинување на санкциите во замена за затворањето на нуклеарната постројка Јонгбјон.