Неделникот „Економист“ денеска објави извештај за тоа какви ризици има по развојот на светската економија во 2019 и предвидува намален раст до 2.6 отсто во 2020 година.
Трите најголеми ризици се крајно разгорена трговска војна меѓу САД и Кина, можна рецесија во САД поради корпоративниот долг и голема криза во економиите на земјите во развој. Авторите на извештајот истакнуваат дека заедно со трговската војна, во светот годинава може да започне и технолошка трговска војна.
Останати ризици се одложената криза во Кина, наглиот скок на цената на нафтата и банкарската криза во Италија. Покрај тоа, светската економија е загрозена од брегзит, можен воен конфликт на Корејскиот Полуостров, крупни кибер напади и воени судири поради територијални спорови.
Можното воведување царини за увоз на автомобилски делови и автомобили во САД од страна на претседателот Доналд Трамп може да влијае негативно на светската економија, укажа рејтинг агенцијата „Мудис“.