Швеѓаните имаат право да земат одмор во компанијата во која работат, со цел да се обидат да почнат свој сопствен бизнис.
Според шведските закони, тоа е само едно од многуте права, кои ги имаат вработените. Покрај тоа, тие имаат право на слободен ден за школување, како и за грижа за член од семејството. Поради таквите добри услови, кои ги гарантира државата, престолнината на Шведска ја нарекуваат главен град на старт-апови. Тоа придонесе за огромен број на новоотворени фирми и технички компании, чија вредност е над милијарда долари, и тие се наоѓаат веднаш зад Силиконската долина во Калифорнија.
Тие права ги ужива секој што е вработен со полно работно време во период од најмалку шест месеци. Работодавачот може да одбие такво барање само од работник, кој е од витално значење за водење бизнис. Барање не може да се поднесе ако е конкуренција на актуелниот бизнис.
Инаку, во последните години растечки тренд во светот е да им се овозможи на вработените да ја развијат својата компанија по основното работно време. Шведска е една од водечките земји во тоа.