Најмалку 20 лица загинаа на венчавка во село во североисточен Јемен, при воздушни напади на коалицијата предводена со Саудиска Арабија, соопштија локални медицински претставници.
Според извори од локалната болница, 46 лица биле повредени, а меѓу нив има и деца.
Портпаролката на коалицијата на чело со Саудиска Арабија изјави дека добиле извештај, што „сериозно“ го разгледуваат и дека ќе се спроведе целосна истрага.
Јемен три години е во војна со бунтовниците Хути, кои контролираат значаен дел од северен Јемен.
Телевизијата Ел-Масирах, блиска до Хутите, објави дека во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, 33 лица се убиени, 55 повредени.