Секоја недела почнувајќи од 3 февруари во 20 часот ќе се емитува циклус од четири емисии „Патот на оскарите“, кои ги подготвува Миланка Рашиќ, за највпечатливите моменти од историјата на „оскарите“. Ќе стане збор за наградуваните филмови, режисери и актери, за незаборавната филмска музика, модата на црвената патека, а ќе има и преглед на актуелните номинирани филмски остварувања во повеќе категории.
Деведесет и првото доделување на „оскарите“ ќе се емитува ексклузивно на телевизијата Телма, во недела на 24 февруари.